Таравари до противкандидатите: Повелете на јавна дебата да разговараме за иселувањето на младите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Кандидатот за претседател на државата од албанската опозиција, Арбен таравари најави организираше на јавна дебата на тема „иселување на младите“ и ги покани неговите противкандидати да учествуваат.

„Рамазан е месец на рефлексија, каде со фокусирање на нашата вера, мораме да ги зајакнеме чувствата на солидарност и поддршка во нашата заедница, разговарајќи за тоа како можеме да работиме заедно за да ги надминеме предизвиците кои влијаат на нас како општество. А каде има поголем предизвик за нашето општество и нашите семејства од раната на емиграцијата што ги раздвојува семејствата и не одвојува од нашите најблиски? Само во периодот 2011-2019 година, според владини извори, 700.000 граѓани ја напуштиле Северна Македонија или секој четврти граѓанин. Овие податоци се потврдени со пописот на населението од 2021 година, каде што, на пример, мојот Гостивар изгубил 36% од населението. Значи на двајца гостиварци во татковината имаме еден во егзил.“, реќе Таравари, посочувајќи податоци од Институтот Арбен Џафери, според кои во 2021 и 2022 година во Германија заминале 85.000 граѓани од земјава, главно млади и квалификувани луѓе.

„Значи, со алармантна брзина го губиме највиталниот дел од нашето општество, со долгорочни последици за работната сила, за развојот и за економската перспектива на земјата. Оваа чума мора да се запре пред да биде предоцна. Мора да дејствуваме сега со заеднички разговори како ќе пристапиме кон овој егзистенцијален проблем на нашата земја. Ја користам приликата јавно да ги поканам сите претседателски кандидати да учествуваат на оваа трибина која третира тема што навистина ги засега граѓаните. Повелете, ве повикувам да разговараме за оваа приоритетна тема за сите нас и очекувам секој кандидат позитивно да одговори на поканата.“, истакна тој.

Трибината ќе се организира во сабота во Тетово.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

Фернандеш за дебаклот во Комо го впери прстот во тренерот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Комо, во третото...

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...