Двајца пријавени за агресивно однесување,и двајца пријавени за физички напад на работно место

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Соопштение на СВР Тетово 22 март 2024

Вчера (21 март) во 16 и 17 часот во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С.З.(66) и И.З.(36) од тетовска Брвеница. Двајцата биле пријавени од Д.С.(60) од тетовско Милетино и од А.Д.(45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување на службени дејствија во нивниот склад за дрва во Брвеница. Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење на бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

                                           

Педесет и седумгодишниот Ф.А. од тетовско Мала речица, вчера (21 март) во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 10 часот и 30 минути на работно место во тетовска фирма физички бил нападнат од едно лице. Се расчистува и документира случајот.

                                                   

Вчера (21 март) во 19 часот и 30 минути Ф.И.(34) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот на улица „Мурат Бафтијари“ во Тетово физички бил нападнат од Ј.С., брат на неговата сопруга. Се расчистува и документира случајот.

Tetovo
clear sky
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
88 %
0.1kmh
0 %
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
13 °
Tue
11 °
Wed
4 °

Поврзани написи

Тема на денот со Димитар Димески, историчар

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

Јувентус има 16 повредени фудбалери

Им нема крај на проблемите со повредите, со...

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД, доколку...