Соопштение на СВР Тетово 22 март 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (21 март) околу 17 часот и 10 минути на улица „29 Ноември“ во Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец В.К., кој претходно бил пријавен од неговата 20-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.
Вчера (21 март) во 21 часот и 50 минути на улица „167“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 26-годишниот Р.Л. од Република Албанија поради непријавен престој на подрачјето. Задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (21 март) околу 19 часот и 10 минути на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар го привеле 39-годишниот гостиварец В.Ф., кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.










