(Видео) На едниот му недостасува дел од уво, другиот во инвалидска количка… Обвинетите за нападот во Москва пристигнаа во судот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Русија обвини четворица мажи кои ја нападнаа концертна сала во Москва и убија најмалку 137 луѓе.

Тројца се однесени во московскиот суд, а четвртиот бил во инвалидска количка, јавува Би-Би-Си, додавајќи дека сите четворица се обвинети за кривично дело тероризам.

Одговорноста за нападот што се случи во петокот ја презеде Исламската држава, а објавија и видео. Руските власти првично тврдеа дека Украина е вмешана, но Киев тие тврдења ги нарече апсурдни.

Имињата на четворицата мажи се Далерјон Мирзоев, Саидакрами Муродали Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов.

На видеото се гледа како тројцата се внесени во Окружниот суд во Басмани од маскирани полицајци, а се чини дека сите тројца се повредени. Очите на Мирзоев и Рачабализода беа поцрнети, а увото на Рачабализода исто така беше цврсто врзано, откако, наводно, делумно било отсечено при апсењето.
А Мирзовев имал нешто завиткано околу вратот. Лицето на Фаридуни било тешко отечено, а Фаизов бил изведен на суд во инвалидска количка и болнички наметка, а на снимката недостасува око.

Сите четворица беа на суд во стаклена кабина под полициска стража.

Во соопштението на судот објавено на Телеграм се наведува дека Мирзоев е државјанин на Таџикистан и дека целосно ја признал вината, а ја признал и Рачабализода. Сите четворица ќе бидат во истражен притвор најмалку до 22 мај, се вели во судското соопштение, пренесува Н1.

Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи