Соопштение на СВР Тетово 25 март 2024
Во рамките на континуираните активности што ги презема секторот за внатрешни работи Тетово за поголем сообраќаен ред и безбедност на подрачјето вчера (24 март) од 16 до 20 часот спроведена е акциска контрола за брзина. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 41 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-10 и ГВ-31), од кои 6 возачи (ТЕ-3 и ГВ-3) пречекориле за над 70 километри на час, 17 возачи (ТЕ-7 и ГВ-10) за 50 до 70 километри повеќе и така натаму.


При контролата, исто така, санкционирани се и 42 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-31 и ГВ-11), од кои 12 возачи пречекориле (ТЕ-7 и ГВ-5) за 30 до 50 километри на час, а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-11).


На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, додека пребрзите ќе се соочат и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите патот и целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. Ова, дотолку повеќе што пребрзото возење и годинава е најчестата причина за досега случените сообраќајни несреќи.











