Сакал да продаде 96 илјади фалс долари, државјанин на Македонија уапсен во Косово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Управата за борба против стопански криминал и корупција при полицијата на Косово соопшти дека во петокот вечерта, во соработка со други безбедносни институции, спровела оперативен план за спречување на внесување фалсификувани пари во Република Косово, при што уапсила државјанин на Република Северна Македонија при обид да продаде 96 илјади фалсификувани американски долсри, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од страна на истражното одделение соопштија дека осомничениот македонски државјанин И. Д. (1970 година) бил фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа.

Полицијата соопшти дека осомничениот продавал 100 фалсификувани долари за 40 евра.

-Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 американски долари во вкупна вредност од 96.000 американски долари, возило користено во случајот од пријавениот и мобилен телефон, соопшти косовската полицијa.

Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи