Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Придобивките од вештачката интелигенција не смеат да бидат резервирани само за најразвиените земји порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, од Сеул, Јужна Кореја, каде што учествува на глобалниот состанок за вештачка интелигенција и дигитализација во организација на Светска банка. 

Како што информира Андоновски, пред претставници од околу 70 држави од светот тој говорел за можностите што ги нуди вештачката интелигенција, но и за ризиците и предизвиците поврзани со нејзината примена.

-Не смее да се дозволи богатите држави, државите што се развивиени да имаат поголем пристап до просторот за вештачка интелигенција од помалите. Како држави мораме да вложиме во тоа да го направиме секој граѓанин, секој мал и среден бизнис има еднаков пристап до алатки базирани на вештачка интелигенција, во спротивно можеме да ризикуваме дека јазот помеѓу развиените и помалку развиените држави ќе се зголемува наместо да се намалува – истакна Андоновски.

Во рамки на посетата на Сеул, Андоновски остварил средби со потпретседателот на Светска банка задолжен за вештачка интелигенција и дигитализација, како и со претставници од Министерството за економија и финансии на Република Кореја.

Посетата, како што посочи министерот, ќе заврши со состаноци со претставници на Светска банка посветени на проектите од областа на дигитализацијата во Северна Македонија.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...