Осми април е прогласен за Светски ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, кој се одржал од 8-12 април 1971 година во Лондон. Датумот се смета за еден од најважните датуми во историјата на овој народ, кога на конгресот се сретнале претставници на Ромите од четиринаесет земји во светот.
Ромите се народ кој потекнува од Индија и е раселен насекаде низ светот. Според одредени податоци, нивниот број во Европа се движи од 12 со 15 милиони. Од нив околу 70% живеат во земјите од источна и југоисточна Европна.
Ромите имаат свое знаме и официјална химна. На ромското знаме има три бои. Во долниот дел е зелено како симбол на земјата. Горниот дел е обоен во сино како симбол на небото. Црвеното тркало во средина е симбол на патувањата и миграциите.
Ромската химна се темели на старата ромска песна Џелем, Џелем (Одев, одев).
Преземено од: GostivarPress












