Двајца возачи под дејство на алкохол предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и тешки телесни повреди

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко.

Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со  валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштува МВР.





Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
14 ° C
14 °
14 °
66 %
1.5kmh
41 %
Sun
13 °
Mon
14 °
Tue
9 °
Wed
10 °
Thu
13 °

Поврзани написи

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами

Веќе се започнати подготовките за трилатерален самит меѓу...

Шок во Мадрид: Куртоа го пропушта Ел Класико

Реал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа...

(Видео) Нејмар направи хаос – Доби црвен картон поради „правилото Винисиус Жуниор“

Бразилскиот фудбалер Нејмар (34) предизвика голем инцидент за...

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог

Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Тема на...

На Сити му се заканува исфрлање од лигата и присилна продажба на клубот

Независниот фудбалски регулатор (IFR) ќе има „апсолутна моќ“...