ИСИС се заканува со терористички напади на натпреварите од Лигата на шампионите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Целиот свет остана во шок по терористичкиот напад во Москва, кога Исламската држава ја презеде одговорноста, сега им се заканува и на фудбалските навивачи.

Имено, шпанска Марка пренесува дека ИСИС најави напади на стадионите во Мадрид, Париз и Лондон кои ќе бидат домаќини на четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, а се играат денес и утре.

Организацијата Ал Азаим објави графика на која се прикажани стадионите на Арсенал, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, што резултираше со зголемени безбедносни мерки.

Така, натпреварот помеѓу Реал и Манчестер Сити е означен како натпревар од висок ризик, а бидејќи еден ден подоцна во Мадрид ќе пристигнат и навивачите на Борусија Дортмунд, особено ќе се внимава на безбедноста во Мадрид.

Во Лондон вечерва се среќаваат Арсенал и Баерн Минхен, а во Мадрид Реал и Манчестер Сити.

Во среда на програмата се натпреварите меѓу Атлетико и Дортмунд во Мадрид, како и Пари Сен Жермен и Барселона во Париз.





Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...