СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) реагира на известувањето на Министерството за образование и наука кое го испрати до основните училишта за одработувањето на деновите 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни поради одржувањето на претседателските и парламентарните избори.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, уште вчера побара од министерот Јетон Шаќири веднаш да го повлече дописот испратен до училиштата во кое пишува дека деновите на изборите, 24 април и 8 мај, треба да се одработат.

„Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече известувањето до училиштата со кое се задолжуваат да ги одработат ‘неработните’ денови, прогласени од Владата заради одржување на претстојните избори! Впрочем, и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година“, истакна Неделков.

Тој додаде дека вработените во основните училишта се чувствуваат дискриминирани од ваквиот однос, бидејќи само тие од целиот јавен и приватен сектор треба да ги одработуваат деновите.

МОН се‘ уште нема излезено со став и одговор на барањето на Синдикатот.

 

 

 



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи