Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сѐ уште нема епилог од постапката во МВР за велешанецот кој за 3.200 евра им продавал наводни кубански вакцини на лица заболени од рак, кој требало да им помогнат и да се излечат.

Дел од семејствата на сега веќе починатите кои ја набавиле оваа вакцина, се сомневаат дека станува збор за физиолошки раствор бидејќи немало никаков напредок.

Шприцот со дел од растворот го однеле и на испитување во Србија каде се утврдило дека не станува збор за никаква вакцина.

Во сведоштво за Слободен Печат, ќерката на починатиот Димче Димовски вели дека нејзиниот татко ја примил вакцината во нивниот дом, а велешанецот М.А ја донел во обичен кафен коверт и шприц од 5мл кои подоцна си ги земал.

Семејствата бараат тој да одговара бидејќи велат дека многумина знаеле за него, па и доктори од онкологија.

Од МВР во септември извршиле службен разговор со М.А откако го пријавил маж од Кавадарци.

И во јуни извршиле претреси во домот на велешанецот по наредба на велешкиот суд и му бил одземен мобилен телефон.

На 21.08.2026 гофина во ОВР Кавадарци, 37 годишен жител на Кавадарци пријавил дека во периодот од ноември 2025 година до денот на пријавувањето бил измамен од М.А. за сума од 3.200 евра.

Според пријавеното, М.А. го довел во заблуда пријавителот дека може да му помогне во лекување на член од неговото семејство, за што му биле дадени паричните средства, велат од МВР.

Министерот за здравство, Клековски вели дека во Македонија има црн пазар за лекови и вакцини, како и криминалци кои ги продаваат.

Тој ги повика граѓаните да примаат вакцини само во овластени здравствени установи, за да не подлежат на вакви измами.

Сумата од 3.200 евра, на велешанецот му била давана во кеш, а понекогаш и на сметка.

Кубанската вакцина не е регистрирана во Македонија, а досега не е официјлано потврдено што навистина содржеле инјекциите што им ги аплицирал на болните.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи