Руските сили напредуваат на истокот во Украина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Руските сили напредуваат на неколку локации долж бојното поле во Украина, заземајќи подобри позиции во регионот Харков и одбивајќи неколку украински напади, соопшти руското Министерство за одбрана.

Русија контролира околу 18 отсто од Украина, на исток и југ, и напредува по неуспехот на украинската контраофанзива во 2023 година.

Во февруари, рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските сили да се пробијат подлабоко во Украина по падот на Авдијевка, од каде, според него, украинските сили морале да бегаат во хаос. Украина соопшти дека се повлекла од Авдијевка.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили го зазеле и селото Семенивка, северозападно од Авдијевка. Русија соопшти дека ги поразила украинските сили и странските платеници во неколку други села во областа.

Украинскиот Генералштаб објави дека украинските војници ги одбиле непријателските напади кај Семенивка и неколку други руски напади.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека војниците го зазеле Новобахмутивка, село во близина на Очеретин, кое стана жариште во борбите во последните денови.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.1 ° C
18.1 °
18.1 °
56 %
1.9kmh
100 %
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...