Багремот и багремовиот цвет со голем број лековити својства

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Неговото цветање е на пат, за многумина е омилен природен засладувач, а некои ќе посегнат по него и за здравствени цели. Станува збор за багрем, листопадно дрво од семејството на мешунките. Неговите бели цветови нанижани заедно во гроздови се со пријатен мирис и полни со нектар.

Лековити својства

Покрај тоа што е украсно и корисно растение, багремот има и голем број лековити својства. Цвеќиња, лисја и кора се користат во традиционалната медицина. Цветовите на багремот најчесто се сушат и се користат како чај за лекување на настинка, кашлица, главоболка и треска. Листовите од багремот можат да се сушат и да се користат како чај, а традиционално се користат за ублажување на дигестивни проблеми. Се верува дека кората има антиинфламаторни својства и се користи за ревматизам и артритис. Во хомеопатијата, цветовите на багремот се користат како лек за тегоби кои се резултат на прекумерно лачење на стомачна киселина, мигрена и невралгија на фацијалниот нерв одговорен за изразите на лицето и подвижноста.

Багремот ги нуди и овие предности:

Богат е со витамин Ц, познат како идеален сојузник на имунитетот, витамин К важен за здравјето на коските и минерали, калиум кој го регулира крвниот притисок, манган и магнезиум кој е одговорен за релаксирање на мускулната тензија и намалување на стресот.

Содржи антиоксиданси кои се борат против слободните радикали.

Багремот е богат со пребиотици важни за варењето и имунитетот и може да ги ублажи симптомите на синдромот на нервозно дебело црево.

Сепак, како и во се што ни е непознато, важно е да се консултираме со експерти.

Несакани ефекти

Познат на многумина, багремов мед е главно безбеден за консумирање, но, како и во се, има но. Така, неговото внесување ќе мора да го ограничат или целосно да го избегнат оние кои се алергични на пчели или мед поради можна алергиска реакција. Исто така, да се избегнува секаков вид мед на бебиња под една година поради ризикот од болузитис, болест предизвикана од токсинот на бактеријата Clostridium botulinum.

Чај од багрем против главоболка

Ако страдате од чести главоболки, пиењето природен чај секако не може да ви одмогне.

Една лажица суви цветови од багрем прелијте со два децилитри зовриена вода. Покријте и оставете го да отстои околу 15 минути. По желба збогатете го чајот со лимон или со малку багремов мед.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...