Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Овој празник можете да ја збогатите вашата трпеза со прекрасна Велигденска погача по следниот рецепт:

Состојки:

1 кесичка сув пекарски квасец
200 ml топло млеко
1 лажица шеќер
1 лажица брашно
650-700 g брашно T-400 меко
100 ml вода
100 ml масло
1 јајце
1 лажичка сол

Подготовка:

Соединете го сувиот квасец и топлото млеко, а потоа додајте ги шеќерот и брашното. Оставете неколку минути да стаса.

Во 600g брашно, додадете го надојдениот квасец, 100 ml вода, јајце, сол и масло. Добро измесете го тестото (по потреба додајте уште брашно, 50-100g). Премачкајте го со масло, покријте го со крпа и оставете го да стои 1 час на топло место.

Премесете го надојденото тесто, па одвојте топче со големина 3-4cm. Останатото тесто, поделете го на 4 еднакви делови. Секој дел развлечете го во големина на тепсијата во која ќе ја печете погачата. Корите премачкајте ги со претходно стопен маргарин. Потоа, префрлете ги во тепсија со пречник од 26 cm наросена со брашно. Потоа, со поголема чаша исечете три круга. Секој круг со сукало растегнете го на 3-4 mm, па поделете го на 6 еднакви делови. Секој дел засечете го на средината. Врвот повлечете го низ средината и формирајте лист. Наредете ги околу круговите за да се формира цвет. Од одвоеното тесто, направете три помали топчиња и ставете ги во средината на цветовите.

Погачата премачкајте ја со масло и оставете да стои 30 минути. Потоа, премачкајте ја со јајце и ставете сусам и ленено семе по желба.

Се пече во загреана рерна на 200°, 30 минути. По потреба ставете алуминиумска фолија преку погачата во последните 10 минути, за да не загори горниот дел.

Откако ќе ја испечете погачата, покријте ја со крпа 10 минути. Премачкајте ја со маргарин и извадете ја од тепсијата да се излади.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...