Хитлер би позавидел на геноцидните методи на Нетанјаху, вели Ердоган

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека „геноцидните методи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху применети во Газа достигнале ниво на кое би позавидел дури и Адолф Хитлер“, пренесе Бета.

Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, која ја пренесоа турските медиуми, Ердоган тврди дека Појасот Газа не бил затвор на отворено непосредно пред 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, туку години пред тоа, како концентрационен логор.

Израелските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат Ердоган да го споредува Нетанјаху со нацистичкиот лидер, што предизвика контра обвинувања дека тој самиот е виновен за геноцид.

Ердоган и Нетанјаху долго време се критикуваа, што беше придружено со влошување, а потоа и со повторно подобрување на односите меѓу двајцата поранешни сојузници.

На почетокот на овој месец Анкара објави дека ќе ги прекине надворешно-трговските односи со Израел, поради војната во Газа.  МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи