Православните верници денес го одбележуваат празникот посветен на Св.Атанасиј Велики (Летен Атанасиј).
Свети Атанасиј се родил во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажувал голема љубов за Христа. Бил многу близок со тогашниот епископ на Александрија светиот Александар. По смртта на свети Александар бил избран за епископ на истата катедра. Многу претрпел од тогашните еретици, аријанците, а Господ му дал долг и плоден живот. Се упокоил во 373 година.
На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив,
Преземено од: GostivarPress













