Вчера (15 мај) во 15.15 часот во ОВР Гостивар, 51 годишната Б.С. од Маврово пријавила дека околу 13.00 часот, проверувајќи ја нејзината банкарска сметка, забележала дека биле извршени две трансакции со кои била оштетена за износ од 61.880 денари. Според пријавеното, веднаш проверила во нејзината чанта и забележала и го нема паричникот во кој и била банкарската картичка и се посомневала дека и е украден.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













