Новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова почна да го оформува својот кабинет. Таа денеска ги именувала Ѓорги Божинов за генерален секретар и Горан Момироски за заменик генерален секретар на Кабинетот.
Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската Унија во овие области. Тој во кабиентот доаѓа од раковдна позиција во Министерството за земјоделие.


Момировски пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзините претседателски кампањи и за изборите во 2019 година и сега.
Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела, блиска до Сиљановска.
Катерина Нешкова
Преземено од: Линк













