Во рамки на континуираните активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот, СВР Тетово вчера (21 мај) спроведе акциска контрола на пешаците и нивното однесување во сообраќајот во периодот од 09 до 14 часот.
Контролата резултираше со откривање и санкционирање на вкупно 25 пешаци, од кои 12 се во Гостивар, 13 во Тетово. Најголемиот број прекршувања во Гостивар, односно 12, се однесуваат на пешаци кои ги преминувале улиците надвор од обележани премини. За сите прекршители изготвени се поднесоци со парични глоби од 40 и 50 евра и покани за присуство на сообраќајни поуки.
Во акцијата, исто така, санкционирани се и 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) други видови на сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово повторно апелира до пешаците да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат по улици на кои нема обликувани тротоари. Возачите, пак, се потсетуваат секогаш и секаде да им даваат предност на пешаците, со што и едните и другите ќе придонесат за својата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Преземено од: GostivarPress













