На срцето на натписот „Гостивар“ на кое во понеделникот беа насликани македонското знаме и букви од кирилицата и глаголицата исцртани се илустрации и графити со недолична и навредлива содржина, кои ги забележавме со нашиот фото апарат.
Сквернавењето е извршено од двете страни на обележјето на градот.
Инаку, македонското знаме и буквите се најдоа во срцето на натписот по повод два празника, Денот на македонското знаме 15 Мај и Денот на сесловенските просветители, 24 Мај.
Преземено од: GostivarPress














