Сокриле кокаин во контејнер со замрзнати лигни, грчката полиција откри над 100 килограми дрога

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На атинското пристаниште Пиреас, во контејнер со легална пратка замрзнати лигни, со потекло од Перу, а наменета за Хрватска, биле пронајдени речиси 110 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, надлежните органи за борба со дрога во периодот од 23 до 27 мај 2024 година, во рамките на оперативна акција за откривање дрога, извршиле проверка на 13 контејнери на пристаништето што пристигнале од земји од Латинска Америка.

Во едниот од нив, во оној со замрзнати лигни, биле откриени 100 пакувања во кои имало 109 килограми и 600 грама кокаин.

Во четвртокот, како што објави МИА, грчката полиција разби меѓународна криминална група активна во увоз и трговија на кокаин од Латинска Америка, при што беа откриени 210 килограми кокаин и упасени четири лица.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи