Загрижувачки! Неколку случаи на семејно насилство во Гостивар изминатото деноноќие

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полицијата во изминатите 24 часа регистрира неколку случаи на семејно насилство на гостиварското подрачје. Во продолжение информациите од полицискиот билтен:

На 29.05.2024 во 17.15 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Ф.Н.(19) од селото. Истиот ден околу 17.00 часот тој бил пријавен од неговата мајка дека агресивно се однесувал и оштетил дел од покуќнината. Исто така, при преземање службени дејствија, тој со стаклен предмет повредил и еден полициски службеник. Ф.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот бил пренесен во здравствена установа на лекување.

На 29.05.2024 во 14.25 часот во ОВР Гостивар, 66 – годишник од гостиварско село пријавил дека претходниот ден околу 13.30 часот во дворот на семејната куќа, неговиот син М.И. физички го нападнал, при што паднал и се здобил со повреда, констатирана во Ургентен центар во Гостивар.

На 29.05.2024 во 11.30 часот во Полициското одделение Галате, 52 – годишник од Гостивар пријавил дека претходниот ден околу 12.30 часот во гостиварско село, поради претходни имотно-правни проблеми во неговата фирма, бил физички нападнат од неговиот брат З.С. и внукот В.С. од истото село.

Се преземат мерки за расчистување и документирање на случаите, извести СВР.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи