Пробиени две брани во поплави во јужна Германија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Две брани се пробиени во баварскиот округ Фафенхофен ан дер Илм како последица на обилните дождови што го зафатија регионот во изминатите неколку дена.

Двете пробиени брани се на реката Паар, притока на Дунав, изјави портпаролот на окружната администрација, јави ДПА.

Некои региони во јужна Германија во рок од 24 часа регистрираа повеќе дождови отколку што обично паѓаат во текот на еден месец, соопшти денеска Германската метеоролошка служба (ДВД).

Во градот Кислег во југозападната покраина Баден-Виртемберг се регистрирани 130 милиметри дожд само во петокот, информира ДВД. Регионот вообичаено регистрира 118 милилитри дожд во овој период од годината.

Во Бад Ворисхофен во соседната држава Баварија, 129 милиметри дожд паднале во рок од 24 часа, во споредба со месечен просек од 101 милиметри.

Слични вредности се пријавени низ целиот регион. 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи