МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


МЕПСО бара речиси двојно зголемување на цената за пренос на електричната енергија од следната година.

Во барањето доставено до Регулаторната комисија за енергетика, компанијата предлага тарифата да се зголеми за 97,68 проценти.

Од другите енергетски компании, МЕМО не бара промена на тарифата. Кај Електродистрибуција сè уште не е познато дали ќе бара поскапување, бидејќи не е завршена постапката за набавка на струја за покривање на загубите во мрежата.

Сепак, најважен дел од пресметката ќе биде цената по која ЕСМ ќе му ја продава струјата на ЕВН Хоум.

Од следната година, државните електрани 70 проценти од произведената електрична енергија ќе ја продаваат по регулирана цена, а останатите 30 проценти по комерцијални цени.

Во моментов, ЕСМ ја продава струјата за домаќинствата по цена од 65 евра за мегават-час.

За да се утврди колку ќе плаќаат граѓаните, прво ЕСМ треба да ја достави новата понуда, а потоа РКЕ да одлучи за тарифите за пренос и дистрибуција.

Дури откако ќе бидат познати сите цени, ќе се знае колкави ќе бидат сметките од Нова Година.

Премиерот Мицкоски досега неколкупати изјави дека Владата ќе се обиде да спречи поскапување на струјата од 1 јануари.

Во меѓувреме, неизвесно е и дали граѓаните во Скопје ќе добијат повисоки сметки за парно. Сите четири компании за топлинска енергија поднеле барања до РКЕ за корекција на цената која е во сила од август.

Парното годинава поскапе двапати за вкупно 11%.

Цената на природниот гас на берзите достигна речиси 90 евра за мегават, највисоко ниво од декември 2022 година.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...