Денес е голем празник: Се празнува денот на Светиот император и цар Константин и неговата мајка, Светата царица Елена;
Константин се смета за првиот христијански римски император. Преданието раскажува дека неговата мајка – царица Елена, оди на аџилак во местата каде што живеел Христос, изградила неколку манастири и го открива крстот на кој бил распнат Исус.


Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Се верува дека овој празник е многу важен за сите жени по име Елена. На тој ден, треба да отидете во црква и да запалите свеќа за мачениците кои ги дадоа своите животи во одбрана на христијанството. Обичајот вели дека трипати треба да се миете со света црковна вода и така ќе го исчистите вашето тело и ќе се излечите од болести.
На овој ден важно е да ја прочитате оваа молитва:
„Господи, откако го виде на небото знакот на Твојот Крст, слично на Павле, не од луѓе беше повикан Твојот апостол меѓу царевите, престолниот град во Твои раце го предаде, па, по молитвите на Богородица, секогаш чувај го во мир, единствен Човекољупче. Амин!“
Именден празнуваат: Костадин, Костадинка, Кочо, Елена, Ленка… Честит празник!
Нека е на помош и за многу години!
Во секој дом нека донесе: мир, здравје, среќа, љубов и благосостојба!











