СВР Тетово информира дека вчера (3 јуни) во 21.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 72 годишниот гостиварец В.С., кој бил пријавен од неговата сосетка И.Р.Б. на возраст од 54 години дека околу 19.00 часот пред влезот на нивната семејна куќа физички го нападнал нејзиниот малолетен внук.
Полицијата извести дека тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
Преземено од: GostivarPress













