Загрижувачки раст на корисници на дрога во Албанија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Албанија нема официјални податоци за корисници на дрога, но експертите тврдат дека потрошувачката на наркотични супстанции достигнала застрашувачки размери, објави Топ чанел.

Се проценува дека има околу 70.000 корисници, но бројките се поголеми. Уште позагрижувачка е употребата на наркотични супстанции, класични форми на канабис, но и нови дроги од страна на тинејџери и ученици, момчиња и девојчиња.

„Мозокот на адолесцентите се развива а супстанциите предизвикуваат да немаат сеќавања, мисли надвор од реалноста, халуцинации. Причинетата штета не се лекува“, истакна доктор Андија Мекси.

Тој додаде дека е зголемен бројот на 15-годишници и 17-годишници кои се јавуваат на психијатрија со симптоми на анксиозност или мисли надвор од реалноста.

Експертите ги советува родителите да внимаваат кога ќе забележат промени во однесувањето кај нивните деца.

„Тинејџерите и учениците се мета на продавачи на дрога, кои секогаш се наоѓаат во близина на училиштата, бидејќи од љубопитност на млада возраст тинејџерот подоцна се претвора во сигурен купувач“, нагласи Мекси.

Поради загрижувачка појава на присуство на продавачи на дрога во близина на училиштата и кафулиња, албанската полиција воведе редовно присуство на полициски патроли кај овие објекти.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...