Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески, обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на бугарскиот клуб во Охрид кој по инцидентот беше транспортиран со владин авион на лекување во Софија и доби бугарско државјанство.
Одлуката следува откако Апелациониот суд во Битола го врати предметот на повторно судење.
Судот оценил дека не е докажано оти двајцата обвинети го сториле кривичното дело што им се става на товар, како и дека не може да се докаже етнички мотив за нападот.
Адвокатот Цобоски вели дека правдата е задоволена од правен аспект судот постапил исправно врз основа на сите изведени докази и дадени укажаувања од страна на Апелациониот суд Битола.
Адвокатот на Пендиков, Камишевски, пак посочил дека понатамошниот тек зависи од Обвинителството, од кое се очекува да поднесе жалба до повисокиот суд.
Инаку случајот со Христијан Пендиков кој предизвика политички и меѓународни реакции меѓу Македонија и Бугарија се случи на 19 јануари 2023 година пред угостителски објект на Кејот на Охридското Езеро.
Преземено од: Линк













