Велшаните останаа без селектор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Фудбалската асоцијација на Велс го отпушти менаџерот Роб Пејџ по три и пол години.

Пејџ го предводеше тимот до прво учество на Мундијалите по пауза од 64 години и до втората фаза на Европското првенство 2021 година, но не успеа да го одведе тимот на овогодинешното Европско првенство во Германија.

Исто така, на одлуката за отказ на 49-годишниот селектор влијаеше лошиот настап и резултатите на тимот на двата пријателски натпревари против Гибралтар и Словачка.

„Челниците на Фудбалската асоцијација на Велс по неколку дневни разговори одлучија дека промената е неопходна“ пренесе Би-Би-Си.

Велс загуби од Ерменија во квалификациите за ЕП, но ја победи Хрватска, а не отиде на турнирот откако во финалето на плеј-офот загуби од Полска на пенали.

Пејџ ја презеде репрезентацијата на Велс во ноември 2020 година, кога го замени Рајан Гигс.

Тој имаше договор до 2026 година. Го предводеше Велс на 45 натпревари и оствари по 15 победи, нерешени и порази.



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
61 %
2.1kmh
19 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи