(Видео) Трагедија во Грција! Жена(30) од Македонија загина во сообраќајка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонска државјанка загина, а уште три се потврдени, од кои една е хоспитализирана во солунска болница во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Егнатиа во правец кон Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори на МИА ги потврдуваат натписите во грчките медиуми дека во сообраќајната несреќа учествувало возило од Северна Македонија, а заганинатата е македонска државјанка.

Според истите извори, возилото се движело по автопатот Егнатиа накај Солун, а тргнало од Битола.

За извлекување на три лица од автомобилот, од Противпожарната служба на Грција интервенирале со пет пожарникари и две возила, а повредените биле преземени од возило на брзата помош.

Поради сообраќајната несреќа околу еден час беше затворен делот од автопатот кон Солун, каде што се случи несреќата, а причините засега се непознати.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, ДКП на Северна Македонија во Грција се во комуникација со семејствата за пружање на секаков вид помош.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи