Летен ручек, одличен за периодов на жештина кога се јаде помалку и полесна храна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Тропските горештини си го прават своето и во однос на исхраната, па така многумина периодов имаат намален апетит и избираат полесна храна. Токму затоа, ви предлагаме еден рецепт за едноставен, летен ручек, кој ќе го задоволи вашиот вкус и ќе ви овозможи доволно хранливи материи за организмот.

Состојки:

300 грама моркови

4 благи пиперки

2 лути пиперки

1 модар патлиџан

2-3 варени јајца

600 грама павлака или грчки јогурт

3-4 чешниња лук

сол, масло, бибер, оригано, црвен пипер.

Подготовка: Најпрво, во тава со масло пропржете го исецканиот лук, па додадете ги   изренданите моркови, како и исецканиот модар патлиџан и пиперките. Во павлаката/грчкиот јогурт измешајте ги зачините. Во подлабок сад ставете слој од пропржениот зеленчук, па слој од павлаката/грчкиот јогурт, па варени јајца исечени на парчиња. Повторете ја постапката додека не ви се потрошат смесите. Овој летен ручек може да го сервирате со млад кромид, ротквици или краставички.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
13.6 ° C
13.6 °
13.6 °
87 %
1.2kmh
83 %
Wed
13 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...