Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во интервјуто со младата музичка надеж, Дорис Димовска која потекнува од Гостивар, откриваме како нејзината љубов кон музиката започнала уште од најрана возраст и како оваа страст прераснува во музичка кариера. Разговараме за нејзините почетоци, како и за улогата на нејзиното семејство во поддржувањето на нејзиниот талент.

Дорис ни раскажа и за нејзините учества на меѓународни музички натпревари, достигнувања и идни планови кои ветуваат светла иднина за оваа млада уметница. Со неизмерна посветеност и инспирација, таа е подготвена да ја освојува музичката сцена.

На која возраст почна да пееш и кога сфати дека тоа е нешто со кое сакаш сериозно да се занимаваш?

Дорис Димовска: Љубовта кон музиката си дојде сосема природно и спонтано, односно првично почна како едно мое хоби, за да тоа подоцна прерасне во професионална љубов кон музиката. Почнав да пеам од мојата најрана возраст, тоа е некаде од мојата втора година, а професионално почнав да се бавам со музика од 2019 година кога големите Ана и Игор Дурловски ја отворија Академија Дурловски. По препорака на Ана Дурловски моето школување во 2021 година го продолжив во Музичкото училиште Андријана Јаневска под менторство на Андријана, каде сум и ден денес.

Дали доаѓаш од музичко семејство? Како семејството влијаеше на твојата музичка кариера?

Дорис Димовска: Не доаѓам од музичко семејство, поточно јас сум единствената од нашата фамилија, како од страната на татко ми, така и од страната на мајка ми, што се бави со музика. Моите родители се тие кои ме насочија кон музиката, односно ме поддржуваат во музичката кариера, поточно најголема заслуга за тоа има мајка ми која точно знае каде да ме насочи, во смисла на избор на песна, на натпревар, а посебно на мојот стајлинг кога настапувам.

Дали свириш на некој инструмент и кој инструмент ти е предизвик?

Дорис Димовска: Во септември оваа година за прв пат ќе започнам со изучување на музички инструмент, поточно со изучување на пијано во Музичкото училиште на Андријана Јаневска, бидејќи изминативе години сакав целосно да се посветам само на пеењето.

Како го балансираш училиштето и пејачката кариера?

Дорис Димовска: Со оглед дека образованието односно училиштето секогаш ми било во прв план, љубовта кон музиката односно професионалното бавење со музиката не предизвика никава промена во моите училишни обврски, дури можам да кажам дека тоа ме направи да станам уште подобар, посветен и самоуверен ученик. Имено, со оглед дека сега го завршив основното образование во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ Скопје, морам да се пофалам дека ме избраа за ученик на генерација кој придонел во музичката уметност за кое добив Пофалница за постигнат особен успех во музичката уметност.

На кои музички натпревари за пеење имаш учествувано и каде?

Дорис Димовска: Во изминатиов период имам настапувано на повеќе интернационални натпревари, во смисла: „Перформанс куп“ (Performans Cup) во Италија, на интернационалниот детски фестивал „Глас на ѕвеѕди”(International Children’s Music Festival Voice of the Stars) кoj се одржа во Загреб,на „Waf Contest“ кој се одржа во Скопје, „Art Festival“  кој се одржа во Кавадарци, но и на повеќе online интернационални фестивали како што е „Златен глас”(Golden Voice) во Малта, „Гласот на Афродита”(Aphrodite Voice) во Кипар, „Културниот фестивалски караван“ (Culoture Caravan festival) во Полска.

doris 2

Кое е твоето најголемо достигнување?

Дорис Димовска: Иако имам настапувано на повеќе натпревари од каде секогаш сум доаѓала со награди, сепак според мене најголемо достигнување беше последниот настап на патронатиот празник на моето училиште на кој ги отпеав песните „Заветна”, „Ваташа” и  „Мојата Македонија”, како и мојот настап на Јубилејниот концерт на Фолклорното студио „Етнос“ каде настапив со песната „Ој ти момче охриѓанче“ каде неочекувано, но сепак реално, истите добија голема слушаност и гледаност.

Кога би можела да настапуваш било каде во светот, каде би било тоа?

Дорис Димовска: Мојата замислена сцена отсекогаш била Америка, но колку од тоа ќе се оствари ќе го оставам како мој предизвик.

Која музика ти е омилена?

Дорис Димовска: Најчесто пеам балади од Celine Dion, но одвојувам време и за поп музика, односно песните од Taylor Swift, Ariana Grande, Adele и многу други.

doris 4

Сподели некои твои идни планови и желби на полето на музиката…

Дорис Димовска: Ново во блиска иднина е моето учество на Bravo festival кој ќе се одржи на 13 октомври во Шпанија на кој ме избраа да ја претставувам Македонија. Воедно, во меѓувреме се подготвувам за учество на еден од нашите фестивали, но околу деталите за истиот не би сакала сеуште ништо да зборувам, додека истото не биде официјално, за тоа ќе ве известам во некој наредна прилика.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
81 %
0.2kmh
88 %
Thu
14 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...