Поплавени 50тина куќи, пожарникарите бараат исклучување на струјата во Тетово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Силно невреме попладнево го зафати Тетово и околината. Поплавени се педесеттина куќи и  објекти, а пожарникарите бараат да се исклучи електричната енергија во целиот град, информират од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

{{size}}?use watermark=0

-Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. На 112 има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје-Тетово, особено во делот на општина Желино, соопштуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека стапиле во контакт со ЕВН и ги информирале дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба.

Невремето почнало во 16:30 часот, а било проследено со дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути.

Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.

-Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналното преторијатие се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите, велат од ЦУК.

Силниот ветер и градот направиле штети на земјоделските култури и овошните насади, но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила…. Штетите ќе се проценуваат дополнително. 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
12.4 ° C
12.4 °
12.4 °
82 %
1.5kmh
100 %
Mon
13 °
Tue
10 °
Wed
9 °
Thu
11 °
Fri
10 °

Поврзани написи

(Видео) Мбапе на колена ја фрли Барселона

Реал и го нанесе првиот пораз на Барселона...

Србија гласа на вонредни парламентарни избори

Изборите во Србија завршија, сега се очекуваат првичните...

Вучиќ: Ги изгубивме изборите | Сител Телевизија

Александар Вучиќ го призна поразот на парламентарните избори...