Мастерклас на Антонели, победи во Остин

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон шампионската титула, во првенството на Формула 1. Возачот на Мерцедес победи на трката за Големата награда на САД, пред Шарл Леклер и Макс Ферстапен. За младиот Италијанец ова беше деветтата победа во сезоната и воопшто во кариерата.

Мерцедес со сјајната тактика, испратена со брлијантното возење на Антонели оствари победа во Остин. Една менување на пенваметиците беше тактиката на Мерцедес, за разлика од конкурентите.

По долго време Ред Бул потфрли во стратегијата, поради тоа Ферстапен не само што не успеа да му се спротивстави на Антонели, туку во финишот на трката ја загуби и втората позиција од Леклер.

Луис Хамилтон завшри на четвртото, Ландо Норис на петтото, Исак Хаџар беше шестти. Следуваа Оскар Пјастри, Џорџ Расел, Лијам Лосон и Пјер Гасли.

Антонели на врвот има 123 поени повеќе од Расел.

Промоцијата на Антонели во нов шампион треба да се случи наредниот викенд во Мексико.

Foto/ Depositphotos



Преземено од: TopSport

Tetovo
broken clouds
10.1 ° C
10.1 °
10.1 °
86 %
0.2kmh
75 %
Sun
10 °
Mon
14 °
Tue
7 °
Wed
11 °
Thu
12 °

Поврзани написи