Рамбо е мајстор за раскажување приказни, заедно со македонскиот Национален џез оркестар подготвија ремек дело за Хрватска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од земјава, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус.

Оваа мини турнеја низ Хрватска, како што информираат од Националниот џез оркестар, започнува на 25 јуни со настап во Тврдината Св. Миховил во Шибеник.

По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржи од 28 до 30 јуни на полуостровот Прирово. Третиот концерт е во Хрватскиот народен театар во Сплит, на 1 јули.

Антоније Пушиќ, познат во јавноста како Рамбо Амадеус, е познат по остри и сатирични текстови и виртуозност на гитарата. Неговата музика е мешавина од спротивности, колаж кој вклучува фанк, рок, хип-хоп, класичен, модерен џез, импровизирана музика, комедија скечеви и електронска музика.

Рамбо пред се е мајстор за раскажување приказни, како музички така и лирски, што секогаш доаѓа до израз во неговите настапи во живо. Неговите концерти никогаш не се само повторување на снимени песни, туку мешавина од слободна импровизација и сатиричен хумор.

Публиката во Хрватска ќе има можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав.

Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремек дела, наведуваат од Националниот џез оркестар.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

Малолетно девојче вчера било допирано по телото од...