Со изложба заокружена ликовната колонија „Гостивар 2024“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Со заедничка изложба вчеравечер во гостиварскиот Центар за култура АСНОМ се заокружи годинешното издание на Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2024“, која ја организира Здружението на ликовни уметници Драудакум.

Над 25 уметници од Македонија како и од Албанија, Турција, Србија и Косово, изминатите неколку дена во Гостивар ги создаваа своите дела во рамки на колонијата, која годинава го доживеа своето деветнаесетто издание.

„Упатувам благодарност до сите уметници за нивното учество во колонијата и им посакувам натамошни успеси во творењето. Благодарност и до сите оние кои го поддржуваат одржувањето на колонијата“, кажа меѓу другото на отворањето на изложбата, претседателот на Здружението, Арјан Руфати.

На настанот на уметниците учесници во колонијата им беа доделени благодарници. Меѓународната ликовна колонија „Гостивар 2024“ е поддржана од Министерството за култура и донатори.

 



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
light rain
18.2 ° C
18.2 °
18.2 °
58 %
1.6kmh
68 %
Thu
18 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи