Семејството на одмор, миленикот на улица? Не постои оправдување – апелираат од ЈП Лајка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Напуштањето на домашните  миленици е суровост и злоупотреба која мора соодветно да се превенира, а доколку се случи најстрого да се санкционира неодговорниот сопственик, согласно закон – порачаа денеска во писмено соопштение од ЈП Лајка.

Улицата е сурова за секое животно. Животните кои не се растени на улица, туку исфрлени немаат стекнати основни животни вештини за преживување, се плашат,  запаѓаат во депресија поради напуштеноста од семејството кое го познаваат и сакаат, па така исходот е неретко фатален (умираат удрени од коли, неприфатени од населението,  гладни и жедни, несреќни).

Животните не се играчки за се фрлаат кога ќе ни здосадат, или заменат за нова играчка. Одговорното сопствеништво е клуч за решавањето на прекубројноста на бездомните кучиња на улиците.  За жал ЈП Лајка се соочува со секојдневно напуштање на животни кои имале сопственик, а таквата пракса е интензивирана во летниов период: секојдневно наидуваме на нови, преплашени, дезориентирани кучиња кои евидентно биле нечив сопственик, како и на цели исфрлени легла.

Порачуваме, секој убаво да размисли пред да земе куче. Дали одговара на вашите можности, животен стил, темперамент; дали имате воља, можности и предуслови за грижа, љубов, внимание, до неговиот последен ден. Размислете и проценувајте брзо, пред да го земете, или додека е мало. Сѐ останато е неодговорност и суровост  и нема оправдување – додаваат од Лајка.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
scattered clouds
8.4 ° C
8.4 °
8.4 °
78 %
0.6kmh
42 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...