Производителите на пченица бараат повисоки откупни цени – откупувачите не даваат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Земјоделците незадоволни од откупната цена на пченицата. Бараат 30 денари за килограм, а откупувачите им нудат од 10 до 12 денари. На средба со министерот за земјоделие барале начин како да се добие повисока цена и гаранција за откуп на целото домашно производство. Откупувачите пак им вратија –  понудената цена е највисока во регионот

– Ќе лобираме да се почитува договореното производоство. Ќе ја следиме целата ситуација и ќе бараме повисока откупна цена, изјави Васка Мојсовска, Федерација на фармери 

– Ние откупуваме по пазарни цени, кои во моментов се највисоки во регионот – тоа се 12 денари за килограм, изјави Горан Милишиќ, претседател на Групација на Мелничко пекарската индустрија 

Министерот за земјоделие Трипуноски ќе ги полни Стоковите резерви, за да го заштити домашното производство. Оние земјоделци кои не се задоволни од моменталната понудена цена, можат да почекаат подобри времиња. Чувањето во складишта ќе го субвенционира Владата. 

– Како министерство ќе ја ангажираме Агенцијата за стокови резерви да набави 15 илјади тони пченица од македонските прозводоители. Земјоделците кои нема да сакаат да ја предадат пченицата, ќе можат да ја чуваат, да ја складираат, а државата ќе го покрие тој трошок, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјдоелие

Годишно во земјава се произведуваат околу 250.000 тони пченица. Потребите на населението се над 370 илјади тони. Бројките покажуваат дека секоја година потребата се задоволува од увоз по многу ниски, дампинг цени,со што се рушат цените на домашните земјоделци. 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...