Димитриевска: Индивидуална, а не колективна одговорност

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска по најавите на власта за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители смета дека треба да има индивидуална, а не колективна одговорност.

„Во секој случај може да предизвика штета со оглед на тоа што институциите мора да го имаат својот континуитет, мора да се работи на подобрување на законските решенија онаку каде што се гледа дека има одредени проблеми. Меѓутоа, колективна одговорност, не може да има. Одговорноста мора да биде индивидуална со посочување на оние чинители кои се огрешиле пред законот“, вели Димитриевска.

Во средата и претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во изјава за медиумите рече дека не ја поддржува тезата за колективна одговорност. Одговорноста, вели Дамева, треба да биде детектирана и санкционирана индивидуално.

– Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција, ако нешто сторил противзаконски, го нарушил угледот и интегритетот на Судскиот совет, донел одлука под влијание на разни емоции и слично, рече Дамева во изјава за медиумите дадена по конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...