Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерот за здравство Клековски не разговарал со неговата бугарска колешка за здравствената состојба на Ива Михаилова. Бугарија е во предизборен период, вели Клековски и заедно со бугарската министерка за здравство имало премолчена согласност да не се отвора темата Михаилова, но и дека тоа е прашање во доменот на правдата.

Во меѓувреме се чекаат мислењата и надзорот од македонските институции, со оглед на тоа што Михаилова одела на здравствени прегледи во Кочани, Штип и Скопје. Кога ќе се соберат сите, ќе ја има комплетната слика. Има повеќе прекршоци како е воден случајот во формалниот дел, вели Клековски, а доколку некој доктор издал мислење дека таат реба да се лекува во странство, ќе имало друга процедура, а таква постапка за Михаилова нема. 

Премиерот Мицкоски пак не сака да им посветува внимание на реакциите од бугарска страна околу бегството на Михаилова, бидејќи смета дека станува збор за предизборен фолклор во Бугарија. 

„Имам што да одговорам, но мислам дека поединци не заслужуваат да бидат во центарот на вниманието и ваков тип на естрада што денеска ја гледаме таму, а е поврзана со фолклорот за нивните претседателски избори не заслужува коментар и мислам дека треба и да ги игнорирате и вие како поединци“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме министерството за правда чека Михаилова да биде лоцирана или приведена од бугарските власти за да може да се побара нејзина екстрадиција. Бугарскиот министер за внатрешни работи соопшти дека ниту ја бараат, ниту ќе ја екстрадираат. 

Македонската полиција и институции се уште утврдуваат како Михаилова избега од Македонија, без пасош и со лична карта која и е вон употреба. 





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
76 %
0.2kmh
0 %
Tue
10 °
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
13 °
Sat
18 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...