Соопштение на СВР Тетово 08 Јули 2024
Kiss.mk
Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со засилените контролни активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот во поширокиот Полошки регион. Така, вo текот на викендот (06/07.08.2024), во периодот од 22.00 до 04.00 часот била спроведена акциска контрола во однос на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле констатирани и санкционирани 3 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-2), а возилата веднаш биле исклучени од сообраќај.
За време на контролите биле констатирани и 18 останати прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-11).
На сите возачи-прекршители им биле изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат и со заштитна мерка „забрана за управување“ во времетраење од 3 до 12 месеци, зависно од процентот на присуство на алкохолот во крвта.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да не седнуваат зад воланот ако се под дејство на алкохол затоа што алкохолот го намалува видот и рефлексите при управување со моторно возило и може да е причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, со што ќе придонесат за нивната и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.











