Судењето ќе се пренесува во живо, Алек Болдвин влегува во судница за убиството на Халина Хачинс

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Денеска треба да почне судењето на американскиот актер Алек Болдвин за убиство од небрежност за време на снимањето на филмот „Растење“, иако се уште не се знае дали Болдвин ќе сведочи.

Болдвин, кој беше на слобода без кауција додека го чекаше судењето, иако не може да пие алкохол или да поседува огнено оружје, се соочува со затворска казна до 18 месеци доколку биде прогласен за виновен.

Актерот вчера имаше подготвително рочиште за дозволените докази и се очекува секој ден да биде на суд.

Изборот на поротата ќе почне денеска, а судијката Мери Марлоу Самер вчера рече дека очекува статусот на славна личност на Болдвин да не ги спречи да изберат порота за еден ден и да воведните зборови да почнат од утре.

Болдвин остана на своето изјаснување за невин и рече дека не го повлекол чкрапалото додека вежбал вадење пиштол за време на пробата во која загина директорката на фотографија Халина Хачинс и беше рането уште едно лице, но обвинителите тврдат дека Болдвин ги игнорирал безбедносните стандарди во врска со ракувањето со огнено оружје на сет.

Неговите адвокати тврдеа дека тој не треба да биде прогласен за виновен бидејќи немал причина да мисли дека пиштолот бил наполнет со вистински куршум, бидејќи боева муниција наводно не била дозволена на снимањето.

Судењето, кое ќе се пренесува во живо на телевизија, се очекува да трае околу две недели и ќе се одржи во округот Санта Фе, во Ново Мексико.

Хачинс беше убиена на 21 октомври 2021 година во случајно пукање, а Болдвин го држел пиштолот кога бил испукан куршум кој ја погоди Хачинс во градите, а режисерот Џоел Соуза во рамото.

Иако Болдвин рече дека не го повлекол чкрапалото, обвинителството наведе дека има негови фотографии со прстот на чкрапалото и оти пиштолот не може да пука доколку не се повлече чкрапалото.

Во новообјавените судски документи, обвинителите тврдат дека Болдвин „не ги контролирал“ своите емоции на снимањето и оти „често врескал и се пцуел себеси, членовите на екипажот или никого конкретно без посебна причина“.

Хана Гутиерез-Рид беше прогласена за виновна во март за убиство од небрежност за нејзината улога во смртта на Хачинс.

Таа беше обвинета за игнорирање на безбедносните протоколи кои можеле да идентификуваат живи куршуми и доби максимална казна од 18 месеци за убиство од небрежност, откако судијата одлучи дека не ја прифатила одговорноста ниту покажала каење.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса...

Фабрегас не сака да зборува за работата во Јунајтед: Тоа е непочитување кон Карик

Италијанскиот прволигаш Комо го пречекува Манчестер Јунајтед во...