Денес се слави Петровден | Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Денешниот датум 12 јули во православното христијанство е посветен на чествување на светиот Апостол Петар. Меѓу народот празник е познат како Петровден.

Апостолот Петар се смета за олицетворение на цврстата и искрена вера. На иконите, светите Апостоли Петар и Павле се претставени заедно: Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч.

Утрото на Петровден се оди во црква, а оној кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и Св. Петар тој ден земал срп и жнеел.

Именден денес празнуваат: Петар, Петре, Петра, Петранка, Петруна… Утре (13 јули) на Павловден, именден слават: Павле, Пајо, Павлина…

Светиот апостол Петар е роден на брегот на Галилејското Езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.

Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим кога владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на христијанството е и светиот апостол Павле.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
clear sky
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
76 %
0.2kmh
0 %
Tue
10 °
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
13 °
Sat
18 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...