СВР Тетово информира дека вчера (18 јули) во 15.15 часот на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 52 годишниот А.Б., кој бил пријавен од неговата поранешна 37-годишна партнерка од Гостивар дека околу 13.30 часот ја следел со возило и агресивно се однесувал кон неа.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.
Преземено од: GostivarPress













