Повисоки плати за наставниците нема, МОН е во огромен долг – Јаневска во „Стадион“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На прашањето кога ќе може наставниците да очекуваат повисоки плати, како што се најавуваше во предизборната кампања, новата министерка за образование Весна Јаневска во емисијата „Стадион“ на Канал 77 одговори дека тоа ќе се случи кога ќе има реална основа за покачување. Јаневска сподели податок дека Министерството за образование (МОН) е во долг од 5 милијарди денари и дополни за тешкотијата да се направи ребалансот на Буџетот.

„Наставниците ќе добијат плати по Колективен договор тогаш кога ќе се остварат услови за тоа. Во меѓувреме, како и до сега, со спогодба ќе им се покачува платата. Нема да направиме штета на државата ниту јас ниту наставниците, како што беше направено, изјави Јаневска.
Министерката потсети дека во изминатиот период беа потпишани неколку колективни договри, кои бараат, како што рече „огромни средства, но средства не се обезбедени од претходната власт“.

„Како пример, се платите за универзитетските професори. Претходната власт обезбеди средства само до јуни. Да, тоа е во мој ресор и ќе добијат плата, но не е фер што владата потпишала договор на необезбедена плата, кажа Јаневска.
Таа појасни дека универзитетите ќе ги добијат своите зголемени плати со Колективниот договор и со ребалансот се обезбедени пари до крајот на годината.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ... Loading …



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи