СВР Тетово на гостиварско подрачје изминатото деноноќие евидентира неколку пријави за инциденти во угостителски објекти.
Вчера (21 јули) во 19 часот во ОВР Гостивар, 57 годишниот гостиварец Л.Р.М. пријавил дека околу 15.10 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од вработениот М.Е., кој се обидел да употреби и остар предмет, но бил спречен од сопственикот.
Исто така, вчера во ОВР Гостивар, Н.Ј.(62) од гостиварски Вруток пријавил дека во угостителски објект во селото, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговиот соселанец Ш.З..
Ноќеска пак, 45 минути после полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Кеј Вардар“ бил нарушен јавниот ред и мир со гласна музика од угостителски објект сопственост на В.А.(37). Полициски службеници излегле на местото и по извршеното мерење на сопственикот на објектот му бил издаден прекршочен платен налог по член 8 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Преземено од: GostivarPress













