На 21.07.2024 во 20.15 часот во СВР Тетово, Д.Ј.(33) од Тетово пријавил дека околу 12.00 часот на улица „Иво Рибар Лола“ во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Т. од Тетово, кој му го оштетил и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.07.2024 во 19.00 часот во ОВР Гостивар, Л.Р.М.(57) од Гостивар пријавил дека околу 15.10 часот во угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од вработениот М.Е. од Гостивар, кој се обидел да употреби и остар предмет, но бил спречен од сопственикот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.07.2024 во 19.00 часот во ОВР Гостивар, Н.Ј.(62) од гостиварски Вруток пријавил дека во угостителски објект во Вруток, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговиот соселанец Ш.З.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.07.2024 во 12.15 часот во Полициското одделение Галате, Б.И.(26) од гостиварски Добридол пријавил дека во 11.25 часот во продажен објект во гостиварско Неготино бил физички нападнат од Х.Н. од Неготино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.












