Ноќеска пожари во возило и на улица во Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Ноќеска во 2 и 35 минути по полноќ во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Боге Велјаноски“ во Гостивар настанал пожар  во кој била опожарена сува трева, кој се проширил и на старата Железничка кула. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Исто така ноќеска, околу 2 и 20 минути по полноќ на  улица „Браќа Ѓиноски“ во  Гостивар настанал пожар  во патничко возило „дачиа сандеро“ со гостиварски регистарски ознаки во моментот кога било стартувано од сопственикот С.Ј.(61) од Гостивар.

Нема повредени лица, додека со интервенција од гостиварската Територијална противпожарна единица, пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

 



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
overcast clouds
18.6 ° C
18.6 °
18.6 °
62 %
1.4kmh
98 %
Wed
18 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...

Мекалистер „удри“ по претходниот менаџер, Арне Слот

Синоќа на „Енфилд“, по спектакуларен пресврт, Ливерпул го...