На 22.07.2024 во 17.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ј.Ј.(19) од тетовско Добарце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 22.07.2024 во 20.10 часот во с.Теарце, тетовско, полициски службеници од Полицското одделение Теарце го привеле Е.Л.(43) од истото село, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.












